Фудбалерот на Њукасл, Киеран Трипие проговори за периодот од неговата кариера кога ги бранеше боите на Атлетико Мадрид.
Тој особено се осврна на односот со тогашниот менаџер Диего Симеоне.
„Имаше ситуации кога ми се јавуваше додека спиев. Тоа е сосема лудо, никогаш не сум доживеал такво нешто. Зборуваше за работи што можев да ги одиграм подобро, а јас се обидував да спијам. Исто така ми пишуваше и пораки. Тој е опседнат “, објасни Трипие.
Трипије мина две и пол години со „јорганџиите“, пред зимава да започне нов проект со Њукасл.
За негова несреќа, тој се повреди по само пет натпревари и не се знае кога ќе се врати на теренот.