Барселона конечно почна да личи на шампионскиот тим од пред неколку години, откако денеска ја запиша четвртата победа по ред во Ла Лига. Овој пат нивна жртва беше Осасуна, која загуби со 0-4 во 28. коло во шампионатот.
Феран Торес во рок од седум минути постигна два гола и ги нокаутираше противниците (2-0), а дополнителен удар за гостите беше третиот гол, кој го постигна Обамејанг во 27. минута.
Каталонскиот гигант ја потврди победата во завршницата од мечот кога Рики Пуиџ, погоди за конечни 4-0.
Барселона има 51 бод и се наоѓа на делбата на третата позиција со Атлетико Мадрид, додека пред нив е Севилја со пет бодови повеќе.