Репрезентацијата на Словенија во скијачки скокови го освои Светското првенство во екипна конкуренција во Викерсунд, Норвешка.
Словенија настапи со Петер Превц, Домен Превц, Анже Ланишек и Тими Зајц и до златниот медал стигна со 1711,5 поени.
Второто место го зазеде германскиот тим со 1583,5 бодови. Северин Фројнд, Андреас Велингер, Маркус Ајзенбихлер и Карл Гајгер скокаа за Германија.
Бронзениот медал и припадна на Норвешка, за која настапија Јохан Андре Форфанг, Даниел Андре Танде, Халвор Егнер Гранеруд, Мариус Линвдик и освоија 1559,6 поени.
Ова е прв златен медал за Словенија на екипното Светско првенство.