Интер повторно направи неочекуван кикс на незгодното гостување кај Торино (1-1) во нивниот 28 меча во Серија А, па така сега има четири бода зад лидерот Милан, но и еден меч одиграно помалку од градскиот ривал.
Бремер во 12. минута ги шокираше „нераѕурите“ со гол за водство на Торино од 1-0, по што домаќините имаа уште неколку шанси во првиот дел за да ја зголемат предноста, меѓутоа не ги искористија.
Интер се разбуди во второто полувреме и играше многу подобро, но постигна гол дури во 93. минута преку Санчез за да се спаси од срам во Торино.
Милан е прв со 63 бодови, по што следи Наполи со 60, па Интер со 59, додека Јувентус е четврти со 56 бодови.