Гордон прв ја затресе мрежата на Астон вила, но неговиот гол беше поништен поради офсајд, по што Ингс на спротивната страна го матира Пикфорд и Астон вила поведе со 1-0.
Дилемата за победникот можеше да биде решена во 86. минута, кога Буендиа погоди за 2-0, но само една минута подоцна Дињ си постигна автогол и така ја врати надежта кај „карамелите“.
Драматично беше во последните минути на „Вила Парк“ во Бирмингем, но сепак екипата на Стивен Џерард се одбрани и освои три бода, додека Евертон го запиша вториот пораз.