Изборот за Златната топка често носи големи контроверзии низ историјата.
Овогодинешниот лауреат е Лео Меси, поради што многумина се побунија, се чини со право откако Роберт Левандовски имаше подобра сезона и индивидуално и екипно.
Затоа организаторите на наградата , Франс Фудбал и Л’Екип решија да воведат значајни промени во изборот за најдобар фудбалер во светот.
Од следниот избор ќе се почитуваат критериумите на игрите во периодот од август (почеток на повеќето првенства) до јуни следната година, за разлика од досегашната практика да се гледа настап во календарска година.
Исто така, организаторите одлучија за наградата да гласаат само претставниците на најдобрите 100 земји во светот кога е во прашање машка конкуренција, додека најдобрите 50 ќе ја изберат најдобрата фудбалерка.
Она што значително ќе влијае на изборот е одлуката првиот критериум да биде индивидуалниот учинок во текот на сезоната, односно статистика.
Дури потоа се гледа успехот на тимот, а трето е класата на играчот и неговото чувство за фер-плеј, за да се даде добар пример.
Франс Фудбал досега номинираше 30 фудбалери и 20 фудбалерки во потесната конкуренција, а тоа сега ќе можат да го направат повеќе луѓе. Дидие Дрогба како амбасадор на Златната топка, но и новинарите кои во претходното издание најдобро го погодија редоследот на листата.
Ќе видиме дали тоа ќе ја намали полемиката за време на изборите.