Кошаркарите на Партизан се поразени вечерва на гостувањето кај Локомотива Кубањ со 94:101 (23:22, 19:23, 23:25, 29:31), во натпреварот од осмото коло од групата А на Еврокупот.

Најдобар учинок во тимот на Партизан имаше Грегор Глас со 20 поени и три асистенции, еден поен помалку постигна Зек Ледеј со четири скока и три асистенции, а Алекса Аврамовиќ постигна 15 поени со три асистенции.

Двата тима се на врвот на табелата во групата А имаат по шест победи и два порази.

Следува пауза во Еврокупот, следниот меч Партизан го игра на домашен терен против Трентo, на 12 јануари, додека Локомотива ќе игра против Хувентуд.

Standings provided by SofaScore LiveScore