Цервена Звезда жали за пропуштената шанса за триумф над европскиот првак кој беше на колена, но на крајот Ефес во вистинска драма дојде до победата. Најмногу благодарение на Василије Мичиќ, кој постигна две клучни слободни фрлања во последната секунда за конечни 84:83.
Звезда имаше идеална можност за победа преку Никола Калиниќ. Имаше можност да стави точка на натпреварот од линијата за слободни фрлања, но раката му затрепери. Калиниќ неочекувано ги промаши и двете.
На крајот Ефес дојде до триумф преку Василије Мичиќ. Српскиот репрезентативец најпрвин погоди за минус еден, а потоа во последната секунда извади фаул и од линијата за слободни фрлања го реши прашањето на победникот.