Во заостанатиот натпревар од 9. коло на шпанската Ла Лига, Гранада го изненади Атлетико Мадрид и победи со 2:1 на домашен терен и дополнително се одвои од зоната за испаѓање.
Ова е четврти пораз во низа за Атлетико, и е на 5. место со 29 бодови, 14 помалку од водечкиот Реал Мадрид и девет од второпласираната Севиља.
Атлетико поведе во 2. минута со голот на Жоао Феликс и се чинеше дека рутински ќе реши противникот, но Гранада израмни со голот на Дарвин Мачис во 17. минута и покажа дека нема да биде така.
Стрелец на победничкиот гол беше Хорхе Молина во 61. минута од натпреварот. Атлетико менуваше играчи, ја менуваше формацијата, но не успеа да го сврти натпреварот во своја полза.