Њукасл никако не се откажува од опцијата да го ангажира англискиот репрезентативец Џејмс Медисон од Лестер, само два дена откако „лисиците“ ја одбија првата понуда од 40 милиони фунти.
Њукасл сега понуди десет милиони повеќе, односно 50 милиони фунти само за да го добие фудбалерот за врска, па на Лестер е сега да пресече дали сака добра заработка или ќе остане цврсто на ставот дека Медисон не е на продажба и дека е еден од клучните фудбалери.
Лестер најавуваше нов договор за својот фудбалер од средниот ред, но сега веројатно ќе пресуди и желбата на фудбалерот каде да ја продолжи кариерата.
Ако Њукасл ги убеди „лисиците“ да им го продадат репрезентативецот, тоа ќе биде клупски рекорден трансфер, зашто досегашниот е на Жоелинтон од 44 милиони евра.