Агресијата на фудбалските натпревари е нешто што често се случува на терените во Аргентина, но последната сцена од третолигашката конкуренција буквално ја разгневи јавноста бидејќи жртва беше девојка.Натпреварот меѓу Гарменесе и Индепендиенсија завршил со застрашувачки физички напад кон судијката на натпреварот, а главниот дивјак во дадениот случај експресно бил уапсен од полицијата.
Жртва е судијката Далма Кортади која за жал се запозна за бруталноста на фудбалот во пониските лиги во Аргентина, но која експресно доби огромна поддршка од јавноста, која истовремено бара максимална казна за Тирон.
Фудбалерот веднаш бил приведен во полиција и ќе оди на сослушување, а прогнозите се дека доживотно ќе му биде забрането да игра фудбал во Јужна Америка.