Репрезентацијата на Македонија ќе гостува кај Италија во Палермо на „Ренцо Барбера“ во рамките на полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство.
Како што се најавуваше, пристигна потврда од владата на Италија за дозвола на целосно пополнување на стадионите. Министерот за здравство, Роберто Сперанца потврди дека трините во целост ќе бидат отворени за натпреварот од баражот.
„Ништо не нè спречува со оваа епидемиолошкта состојба и важноста на настанот, да ги отвориме 100% капацитетите на 24 март кога „аѕурите“ ќе ја дочекаат Македонија во плеј-офот за Мундијалот“, изјави министерот.
Тоа значи дека наместо 1.500 македонски гледачи, на трибините во Палермо може да се најдат 2.000 од вкупната бројка која достигнува над 36.000 седишта.
Владата на Италија ја донесе оваа одлука со цел да ѝ помогне на селекцијата на Роберто Манчини во дуелот против Македонија. Досега беше дозволено 75% пополнетост на трибините, а по баражот ќе се укинат рестрикциите и на натпреварите во Серија А.