Според францускиот весник, реванш осминафиналето во Лил на Челси, на кое „сините“ доаѓаат со предност од 2-0 по првиот меч е под сериозен ризик поради најновиот бран на санкции на Европската унија кон Русија, во кои е опфатен и Роман Абрамович, а тој сѐ уште е газда на клубот додека лондончани не добијат нов сопственик.
Откако Челси поради санкциите се соочи со тотална блокада од сите страни поради санкциите кон рускиот олигарх, за неговата блискост со рускиот претседател Владимир Путин, сега и утрешниот меч е неизвесен поради санкциите.
Ако Челси биде исфрлен од ЛШ, ова ќе биде најбизарната и најглупава санкција која воопшто била донесена во историјата на светскиот клуб, само поради тоа што клубот е на руски газда, кој патем веќе е согласен да го продаде клубот, но комплетната процедура не може да се случи како на пазар за 24 часа.