Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс доживеаја ново разочарување кај своите навивачи откако загубија со 114-103 во натпреварот против Торонто Репторс. Репторси го започнаа натпреварот со 21:2, набрзо поведоа со 30:6, а во првата четвртина им дозволија на Лејкерси само 12 поени.
Со 30 поени и девет скока, Леброн Џејмс беше убедливо најдобар кај поразениот тим, но делуваше фрустрирано од немоќта кај него и соиграчите, кои ги пцуеше во текот на натпреварот и беше лут поради нивните потези. Сепак, неговиот потег е оној што многумина го истакнуваат кога ја опишуваат немоќта на седумнаесеткратните шампиони во НБА. Дебитантот од Торонто, Скоти Барнс, постигна 21 поен на натпреварот, од кои 15, три повеќе од комплетните Лејкерси, во првата четвртина и многу го налути Џејмс во текот на целиот натпревар.
Барнс: Се обидов да се заштитам
Се најде на погрешно место во погрешно време и кога лидерот на Лејкерси скокаше по топка која излета надвор од теренот. Џејмс ја зграпчи и потоа со сета сила ја фрли кон Барнс кој лежеше на подот, веројатно надевајќи се дека таа ќе отскокне од него и ќе излезе надвор од границите на игралиштето.