Екипата на Жалгирис го совлада Невезис во литванското првенство со 92-86 и се пласира во финалето, но она што го направи кошаркарот на поразената екипа, Дешон Фримен, ќе остане запаметено.

Тој на натпреварот ги промаши сите 13 слободни фрлања, а противничките кошаркари кога видоа како шутира и колку е непрецизен, постојано го фаулираа. Веројатно ако го задржеше просекот од оваа сезона, во која погоди 60 од 119 фрлања, исходот на овој натпревар ќе беше друг.

 

Ваков „успех“ имаше и славниот Шекил О’Нил, кој во сезоната 2000/2001 промаши 11 слободни фрлања.