Интер има капитална предност од 2:0 пред реваншот против градскиот ривал Милан, и нераѕурите се фаворити.
Интер е во одлична форма и има седум победи по ред, додека Милан само четири пати се радувал на последните 15 одиграни средби во сите натпреварувања.
Напаѓачкото трио на Интер, Мартинез, Џеко и Лукаку ќе биде перманентна опасност за гостите, но росонерите нема пред време да се предадат, зашто финалето во ЛШ е голем предизвик.