Барселона го комплетира трансферот на дефанзивецот Ињиго Мартинез (31) од Атлетик Билбао. Искусниот стопер ги помина лекарските прегледи и по истекот на договорот ќе му се приклучи на новиот шпански шампион.

Мартинез ќе потпише двегодишен договор со Каталонците.

Во својата кариера тој настапуваше за Реал Сосиедад и за Атлетик Билбао каде е од 2018 година.
Ињиго Мартинез за шпанската репрезентација има 20 настапи и еден постигнат гол. За Атлетик оваа сезона има настапи 18 пати и постигна еден погодок.