По синоќешниот триумф на домаќинот Германија против Шкотска (5-1) денеска од истата група Швајцарија убедливо ја совлада Унгарија (3-1) и направи огромен исчекор кон втората фаза на шампионатот.
Швајцарците беа многу подобар противник, доминираа на теренот, а можеа уште најмалку три гола да му дадат на индиспонираниот противник да не беше нивниот расположен голман. Триумфот на Швајцарија го најави Дуа уште во 12. минута, а пред крајот на првото полувреме Абишер го удвои водството. Варга во 66. минута им донесе надеж на унгарските навивачи за евентуален пресврт, но Емболо во судиското продолжение само ја потврди победата на Швајцарија, чии фудбалери имаа уште неколку идеални шанси за гол.