Емил Рајковиќ ја предводеше ЦСКА Москва до 18. победа по ред во ВТБ лигата, нешто што не му успеало на ниту еден стратег претходно.
Македонскиот тренер не само што одлично се снајде на клупата на рускиот гигант, туку тој руши и рекорди.
ЦСКА Москва денеска со 92-75 го победи тимот на МБА Москва кој имаше минимално водство на полувремето. Но, кошаркарите на Рајковиќ направија пресврт во вториот дел и на крајот дојдоа до убедлив триумф.
Ова беше 18. победа по ред за ЦСКА Москва која на социјалните мрежи се пофали дека тоа е рекорд во ВТБ лигата.