Денвер нагетс без многу проблеми славеше во дуелот против Лос Анџелес лејкерс со 122:109. Лејкерси беа без двете најголеми ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, па реално беше да стават крај на убавата серија што ја имаа со пет победи по ред.
Денвер постојано имаше водство и контрола на резултатот, па во еден момент од втората четвртина стигна до предност од 18 разлика (55:37). И во второто полувреме предноста на домаќините во најголемиот дел беше двоцифрена, па на крајот без многу драма стигнаа до посакуваниот триумф.
Никола Јокиќ повторно блескаше за Денвер и на крајот заврши со нов трипл-дабл реализирајќи 14 поени, 16 асистенции и 11 скокови. Иако даде само 14 поени, беше без грешка, погодувајќи 5 од 5 од поле, од која една беше тројка, како и три слободни фрлања од исто толку обиди.
Кај Денвер најефикасен беше Џемал Мари со 37 поени, додека прв стрелец кај Лејкерси беше Расел Вестбрук со 25 поени. Денвер сега има 27 победи и 13 порази и е на делба на првото место на Западот, додека Лејкерс со биланс од 19 победи и 22 порази е на 12-тото место во оваа конференција.
https://youtu.be/f7FmpnaE6h4
Резултати од мечевите одиграни ноќеска во НБА: Вашингтон – Њу Орлеанс 112:132, Бостон – Чикаго 107:99, Њујорк – Милвоки 107:111, Мемфис – Сан Антонио 121:113, Денвер – ЛА лејкерс 122:109, Сакраменто – Орландо 136:111.