Според пишувањата на Рекорд, Бенфика без многу двоумење одбила 100 милиони евра за услугите на Енцо Фернандез. Најдобриот млад фудбалер на мундијалот во Катар има откупна клаузула од 120 милиони евра.
Енцо Фернандез е едно од имињата кои со добрите партии на Светското првенство го привлекоа вниманието на многу клубови. Аргентинецот ја доби и наградата за најдобар млад фудбалер на мундијало во Катар, па дополнително си ја зголеми цената.
Како што пренесува Рекорд, за неговите услуги пристигнала понуда од 100 милиони евра, но Бенфика без многу двоумење го одбила предлогот.
Во моментов нема информации кој клуб доставил ваква понуда, претходно се пишуваше дека Ливерпул, Реал Мадрид и Челси сериозно загризале за услугите на Енцо Фернандез.
Во неговиот договор има откупна клаузула од 120 милиони евра, и ова е сумата која Бенфика ја бара за трансфер.