Извонредниот голгетер, златната копачка на Реал Мадрид, Карим Бензема, беше еден од хероите во демолирањето (2-5) на Ливерпул на „Енфилд“ во првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ.
Французинот постигна два гола, а по натпреварот изјави дека сите во тимот сакаат повторно да ја освојат титулата во ова натпреварување.
„Тоа беше важна вечер за нас и сакам да му ја посветам оваа победа на починатиот почесен претседател, легендарниот Амансио. Тоа е за него. Игравме карактерно, постигнавме многу голови и покажавме дека сакаме повторно да ја освоиме Лигата на шампионите. Така го добивме мечот кој беше убав за нас на теренот и за луѓето што го гледаа. Да, лошо го започнавме натпреварот, знаевме дека навивачите на „Енфилд“ ќе не стават под притисок. Но го покажавме вистинското лице на Реал Мадрид. Фудбалот на ова ниво е тежок. Тие почнаа подобро, но тоа беше голем натпревар и ние бевме подготвени за борба“, изјави Бензема.