Македонскиот интернационалец Александар Мишов го постигна првиот гол во дресот на Туран од Казахстан и со тоа му донесе важна победа на својот тим. На натпреварот од 20. коло во тамошното првенство Мишов постигна гол за триумф на својот тим во 99. минута од средбата.
Нашиот паѓач беше резерва, влезе во игра во 73. минута, а во последните секунди по изведениот корнер, со глава ја испрати топката во мрежата на противникот за 2-1 и победа на неговата екипа против Шахтер Караганди.
Во екипата на Туран заедно со Мишов игра и искусниот стопер Виктор Велкоски, кој беше стартер и го одигра цел натпревар.