Бетис од Севиља го доби дербито во трката за Европа против Атлетик Билбао со 3-1 (2-1), во рамките на 26. коло на шпанската Примера. Дуелот се одигра на „Бенито Виљамарин“ и понуди доста возбудувања и многу голема победа за домаќинот кој се искачи на шестата позиција и сега има седум бода помалку од денешниот ривал.
Резултатот го отвори Авиља во 13. минута, за потоа во 38. со автогол на Јури Берчиче предноста на Бетис се зголеми на 2-0. Следуваше голема глупост на Нико Вилијамс кој доби жолт картон поради прекршок, а потоа иронично му аплаудираше на судијата па беше исклучен во рок од 30 секунди.
Во долгото судиско продолжение во првиот дел по нафрлената топкаод корнер на 2-1 намали Гурузета, со мајсторски удар со глава. Во второто полувреме пристигна и третиот гол за домашната екипа, во 67. минута Џони ги постави конечните 3-1 за Бетис.
Претходно спектакуларен финиш имаше дуелот меѓу Кадиз и Селта, кој заврши со нерешени 2-2 (0-1). Домашната екипа успеа да извлече реми во стотата минута од регуларниот тек на мечот.
Селта има за што да жали, поведе со 0-2 преку Јаго Аспас и Сведберг, а потоа си мислеше дека победата е осигурана. Но така не мислеа домашните фудбалери на Кадиз. Хуанми намали на 1-2, меѓутоа домаќинот долго време чекаше на вториот гол. Течеше десеттата минута од судиското продолжение кога Дарвин Мачис со ефектен погодок донесе бод и реми за својот тим.