Со гол на Лувумбо во шестата минута од продолжението Каљари дојде до бод против Наполи. Уште едно ново разочарување за навивачите на Наполи, нивниот тим никако да заигра на некое повисоко ниво.
Денеска Наполи беше на чекор до победа, но една лоша интервенција на Жесус ги чинеше два бода.
Фудбалерите на Наполи испуштија победа на гостувањето кај Каљари и одиграа нерешено 1-1. Дуелот на „Унипол Домус“ можеше многу лесно да заврши со триумф на шампионот, меѓутоа Зито Лувумбо во последните секунди донесе голем бод за својата екипа.
Каљари во првиот дел се израдува и на погодок, откако сопствената мрежа ја стресе Амир Рахмани. Сепак, водечкиот гол беше поништен, бидејќи ВАР собата сигнализираше офсајд во акцијата, па на одмор се замина без голови.
Во вториот дел по серија измени кај Каљари, гол постигна Наполи преку повратникот во тимот Виктор Осимен. Нигериецот кој беше на Африканскиот Куп на нации и долго беше отсутен погоди во 65. минута за 0-1 по асистенција од Распадори. Во шестата минута од судиското продолжение, сите го чекаа крајот на дуелот, а тогаш Каљари дојде до бод. Младиот играч од Ангола, Лувумбо ги израдува навивачите на Сардинија и во 96. минута ги постави конечните 1-1.
Наполи кој минатата сезона беше шампион, не успеа да победи ниту на калчо-дебито за Франческо Калцона, кој неодамна го замени Руди Гарсија. Во моментов имаат 37 бода на деветтата позиција, додека Каљари е претпоследен со 20.