Барселона оствари уште една убедлива победа на „Камп Ноу“ совладувајќи го Атлетик Билбао со 4-0. Тимот на Чави доминираше, а на крајот стигна до заслужен триумф.

Пјер-Емерик Обамејанг во 37.минута го отвори резултатот, а Осман Дембеле зголеми на 2-0 во 73.минута. Во завршницата резервистите Лук де Јонг и Мемфис Депај постигнаа уште два гола за убедлив триумф од 4-0.