Лирим Ќамили продолжува со одлични игри во дресот на Сондерјиске така да својата добра форма ја потврди и во дуелот против Виборг.
Во минатото коло Ќамили со два гола му пресуди на данскиот шампион Митјиланд, додека пак сега забележа гол и асистенција, меѓутоа тоа не беше доволно за Сондерјиске да се избори за позитивен резултат на ова гостување.
Репрезентативецот прво погоди во 58 минута од пенал, а во 75 забележа асистенција. Тој на вкупно 10 средби во шампионатот има учинок од 6 гола и 2 асистенции.
Сефер Емини исто беше активен во целиот натпревар, додека шанса за настап не доби младинскиот репрезентативец Иван Николов.
https://twitter.com/i/status/1850574674817659150
https://twitter.com/i/status/1850577906763788713