Екипте на Унион Берлин и Ајнтрахт Франкфурт ги поделија бодовите со ремито 1-1 во натпревар од осмото коло на германската Бундеслига.
Ветеранот Марио Геце ги донесе гостите во водство уште во 14. минута од натпреварот, а конечните 1-1 беа дело на Бенедикт Холербах, кој беше прецизен по дваесет минути игра во второто полувреме. Домаќините постигнаа уште еден гол во самиот финиш преку Тим Скарке, но истиот беше поништен од ВАР-собата поради офсајд сиутација.
Унион Берлин има 15 бода, и е на четвртата позиција на табелата, додека Ајнтрахт со еден бод помалку во моментов се наоѓа на шестото место во Бундеслигата.