Вечерва го пречекуваме некогашниот европски и светски шампион Германија, кој за прв пат гостува во Македонија. На државниот празник 11 октомври, денот кога започнала битка за ослободување и победа, сега одиме да извојуваме уште една победа, овој пат спортска.
Горан Пандев, довчерашниот капите на нашата репрезентација, за медиумите во Германија се присетува на она што беше во март, кога среде Дуисбург, ние победивме со 2:1.
Токму Пандев беше стрелецот на првиот гол во 45.минута за наше водство од 1:0.
“Тоа за нас беше рамно на чудо, и не само за нас. Таа победа над Германија за нас беше како да сме освоиле титула. Таа победа ќе биде запишана во историјата, па, ние ја победивме Германија. Победивме тим кој не знам колку натшревар на свој терен немаше претрпено пораз. Германците мислеа дека лесно ќе ги освојат трите бода. Сепак ние бевме максимално подготвени и победивме. По мечот радоста беше голема“ рече покрај другото некогашниот капитен.