Мислењата веројатно нема да се променат и понатаму , а гневот е поголем поради фактот што Ентони Тејлор призна гол во ситуација кога постои ВАР технологија – особено што и со голо око беше јасно дека Французинот е најблиску го голот на Шпанија .
И токму капитенот на Шпанците, Серхио Бускетс, откри што им кажал Тејлор, односно зошто голот на Мбапе е регуларен.
– Судијата рече дека Ерик Гарсија сака да ја прифати топката и тоа го поништи офсајдот. Но, тој сакаше да игра со топката затоа што таа ќе стигнеше до Мбапе кој беше во офсајд?! Тоа нема никаква смисла – Бускетс е бесен, додека многумина дури и не знаеја за ова правило.
Залудно протестираа Шпанците, залудно остана во чудо фудбалската јавност, на крајот Французите успеаја да го освојат трофејот иако беа во негатива. Да потсетиме, Шпанците поведоа во 64. минута преку Ојарзабал, Бензема израмни две минути подоцна, а Мбапе го реши победникот во 80. минута.