Чилеанскиот тенисер Алехандро Табило продолжи со одличните настапи во Рим, каде што денеска славеше против Жижен Жанг со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4 за пласман во полуфинале на мастерсот.
Тенисерот кој го демолира Ѓоковиќ беше сигурен на свој сервис, а потоа искористи една брејк топка во шестиот гем за предност од 4-2, по што направи уште еден брејк и славеше со 6-3 во првиот сет.
Жанг разочара на почетокот на вториот сет, откако го загуби првиот гем на свој сервис, а тоа беше доволно за Табило да стигне до 6-4.
Чилеанецот во полуфинале ќе игра против победникот од мечот меѓу Тејлор Фриц и Александер Зверев.