Реал Сосиедад го победи Реал Мадрид во Сан Себастијан и ја продолжи трката за пласман во Лигата на шампионите, а на Барселона и овозможи во следното коло да ја прослави својата шампионска титула после победата со 2-0. Сега каталонскиот клуб на пет кола до крајот има плус 14 бодови повеќе од „кралскиот клуб“.
Такафуши Кубо две минути по стартот на второто полувреме донесе водство а Андер Баранечеа пет минути пред крајот му донесоа на баскискиот тим голема победа со која повторно се на плус осум бодови со натпревар повеќе од Вилјареал во борбата за место во европската елита која во Сан Себастијан се чека цела една деценија.
Клучен момент покрај головите беше исклучувањето и на Дани Карвахал во 61-та минута. Сосиедад имаше уште полесна задача за да дојде до победата и практично да го отпишат Реал од трката за круната, која и онака беше невозможна мисија. Барселона сега може викендов да слави титула, со бод против Еспањол во градското дерби ако Реал победи со Гетафе (ќе имаат плус 12 на четири кола до крајот, но недостижни поради подобриот меѓусебен дуел) или можат и без триумф ако „кралевите“ не победат во малата мадридска пресметка.
Претстојниов викенд нема коло во Ла Лига поради финалето во Копа дел Реј помеѓу Реал Мадрид и Осасуна.