Ембид кој првпат ја добива најпрестижната награда во НБА лигата, од вкупно 100 гласови за првото место, доби 75, и победи во гласањето пред Јокиќ кој доби 15 и третопласираниот Јанис Адетокумбо кој доби 12 гласови.
Ембид беше и најдобар стрелец во регуларниот дел од сезоната со просек од 33.1 поени по натпревар, а имаше и 10.2 скока и четири асистенции.
Јокиќ кој беше блиску трета година по ред да биде МВП на регуларниот дел од сезоната, сезонава ја заврши со просек од 24.5 поени, 11.8 скока и 9.8 асистенции по натревар и го предводеше својот Денвер нагетс до првото место во Западната конференција.
Адекумбо просечно постигнуваше по 31.1 поен и 11.8 скокови по натпревар во регуларниот дел од сезоната и го предводеше Милвоки бакс до најдобриот скор во лигата (58-24), но загуби во првото коло од плејофот од Мајами хит.