Фудбалерите на Монца со победа ја започнаа 2024 година. Тие го победија Фрозиноне како гости so 2-3 (0-2) во третиот натпревар од 19. коло во Серија А.
Ова беше прва победа по три кола на клубот од Ломбардија, воден од младиот тренер Рафаеле Паладино. Домашните го отворија резултатот во 18. минута, откако Португалецот Дани Мота погоди по асистенција на Валентин Карбони. Овие двајца фудбалери беа во главни улоги во 45. минута, но стрелец беше Карбони, а асистент Мота.
Во 55. минута Матијас Суле ја погоди сопствената мрежа и на семафорот стоеше 0-3. Веќе во 56. минута беше 1-3, а стрелец беше Харуи. Конечниот резултат беше поставен во 75. минута кога Суле реализираше пенал за финални 2-3.
На „Виа дел маре“, Лече го пречекува Каљари, а на „Мапеи стадиум“, Сасуоло е домаќин во дуелот против Фиорентина.