Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го дефинира списокот од 18 ракометари на кои ќе смета на Европското првенство во Германија, кое го почнуваме на 10 јануари со дуелот против Франција во Диселдорф.
Отпадна само едно име од играчите кои тренираа изминатиот период и тоа левото крило на Пелистер, Цветан Кузманоски. Ова значи дека македонскиот стручен штаб на континенталниот собир ќе патува само со еден ракометар на оваа позиција, Петар Атанасијевиќ, која ако затреба може да биде пополнета и со Иван Џонов.
Македонија првата средба ќе ја одигра на фудбалски стадион на кој се очекуваа да дојдат и до 55.000 ракометни вљубеници. Потоа следуваат пресметките со Германија (14 јануари) и Швајцарија (16 јануари), кои ќе ги одиграме во Берлин. Пласман во следната рунда ќе обезбедат двете најдобри селекции од секоја група.
Еве се јунаците на МАКЕДОНИЈА НА ЕП: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Давид Савревски, Иван Џонов, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Едвин Омерагиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ.