Ракометната репрезентација на Словенија триумфираше со 29-24 против Шведска и ја запиша втората победа на Олимписките игри во Париз, со што шансите за пласман во четвртфинале дополнително се зголемија.
Првото полувреме го одбележа израмнета игра, а Словенија на паузата замина со предност од еден гол, додека во вториот дел постојано ја зголемуваше разликата и на крајот триумфира со 29-24.
Најдобар стрелец кај Словенија беше Блаж Јанц со 10 голови, додека Ване постигна шест голови за селекцијата на Шведска.