Шпанскиот првак, каталонскиот гигант Барселона планира да ангажира уште еден талентиран фудбалер, а станува збор за Бразилецот Естевао Вилијан кого го нарекуваат „Месињо“, новиот Лео Меси.

Месињо игра за бразилскиот Палмеираш, но клубот ќе му ја исполни желбата и ќе му дозволи да се пресели во Барселона, иако интерес за фудбалерот покажаа и Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, Арсенал и ПСЖ.

Предност за Каталонците е неговиот менаџер Андре Кари, кој е во одлични односи со Барселона и сака да помогне во реализација на трансферот.

Бразилскиот талент досега играше за младинскиот тим на Палмеираш, а притоа постигна четири гола и една систенција на 15 настапи.