Ливероул го декласира Лидс Јунајтед со 6-0 на „Енфилд Роуд“ и се доближи на само три бода негатива до Манчестер Сити на врвот на табелата во Премиер – лигата. „Црвените“ решија се по првиот дел, обезбедија водство од 3-0, а двоен стрелец од пенал беше Мохамед Салах и плус дополнително му асистираше на Матип за погодок.

Во второто полувреме, Садио Мане постигна два гола, а во финишот погоди и Вирџил ван Дајк за комплетирање на убедливиот триумф.

Барнли го изненади Тотенхем и го победи со 1-0, со голот на Бен Мее во 71.минута од дуелот.

Кристал Палас беше убедлив против Вотфорд и славеше со 1-4.