Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед одиграа 1:1 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите и останаа подеднакво блиску или далеку од пласман во четвртфиналето на натпреварувањето. Првиот гол на натпреварот го постигна Жоао Феликс во седмата минута, а Ентони Еланга израмни во 80. минута, пет минути по влегувањето во игра.
Најважното во првото полувреме се случи на отворањето на натпреварот. Ренан Лоди ја врати топката во посед на Атлетико и брилијантно од левата страна центрираше до Жоао Феликс кој со глава го матираше немоќниот Давид Де Геа.
Ништо значајно не се случи во вториот дел до самаата завршница. Ралф Рангник вметна во игра четворица играчи од клупата, меѓу кои и Еланга, кој во 80. минута, само пет минути по влегувањето на теренот, постигна гол за израмнување.
https://twitter.com/LiveNewsForAll_/status/1496600663354224653?s=20&t=Z1mEX9nHz8LHlcejUxreNwВозбудувањата не застанаа тука, а Атлетико ја испушти шансата за предност пред реваншот. Само момент откако стивна славјето на играчите на Јунајтед, Антоан Гризман ја погоди гредата.