Екипата на Милан беше супериорна на гостувањето кај Емполи и победи со 3-0, со тоа ја остварија 12. победа во Серија А.

Рубен Лофтус-Чик беше стрелец на првиот гол во 11. минута, додека до крајот на првото полувреме погоди и французинот Оливие Жиру од пенал.

Последниот гол за „росонерите“ беше дело на Чака Траоре, кој во 88. минута од натпреварот погоди за конечни 3-0.

Милан се наоѓа на третата позиција со 39 бодови, односно четири помалку од Јувентус и девет од лидерот Интер.

Тимот на Сасуоло со голот на Пинамонти ја совлада Фиорентина со 1-0, а Лече и Каљари играа нерешено без победник 1-1.