Шпанскиот шампион Барселона промаши голем број шанси против нисколигашот Барбастро и славеше минимална победа со 3-2, па така обезбеди осминафинале во Копа Дел Реј.

Барселона доминираше во првото полувреме и создаде дури 17 шанси, но искористи само една преку ФерминЛопез во 18. минута од натпреварот.

Бразилецот Рафиња на почетокот на вториот дел го зголеми водството на 2-0 на асистенција на тинејџерот Форт, но набрзо се разбуди Барбастро и погоди преку Де Меса Гаридо за 1-2 со што донесе возбудувања во продолжение од средбата.

Левандовски беше стрелец на третиот гол за Каталонците од пенал дури во 88. минута, по што Прат од белата точка намали на 2-3 во третата минута од судиското надополнување, но тоа беше сè од домаќинот на овој дуел.