Еден од најголемите таленти во младинската школа на Барселона, Фермин Лопез, се најде во центарот на вниманието по триумфот на јуниорскиот тим против Корнел (3-2), откако постигнатиот погодок го прослави во стилот на – Кристијано Роналдо.
Тој во 33. минута постигна фантастичен гол со ножички за 1-1, но потоа доби големи критики за начинот на кој го прослави голот. Прославата со култното „сиууу“ не му донесе одобрување кај навивачите на Каталонците.
Клубот прво го избриша видеото од официјалниот сајт, по што набрзо потоа повторно го прикажа маестралниот гол, но овој пат без делот на кој се гледа како Лопез го прославува голот, како своевидна казна за младиот талент.