Бранителот на трофејот на Африканскиот Куп на нации, репрезентацијата на Сенегал апсолутно ја потврди фаворитската улога и славеше убедливо со 3-0 над селекцијата на Гамбија во првиот натпревар од групата Ц.
Кандидатот за највисок пласман без никакви проблеми го надигра противникот и уште по првото полувреме ја најави убедливата победа. Папе Гуеје го отвори резултатот во четвртата минута. Во последните секунди од првиот дел Гамбија остана со играч помалку, откако директен црвен картон заработи Ебу Адамс.
Второто полувреме беше чиста рутина за сенегалскиот состав, кој продолжи со силното темпо и постигна уште два гола преку одличниот напаѓач на француски Мец, Ламин Камара. Офанзивецот стави точка на убедливиот триумф и стрелаше во 52. и 86. минута, а особено беше спектакуларен вториот погодок. Сенегал ги освои првите три бода и покомотно ќе го чека дуелот против силниот Камерун.