Аталанта не успеа вечерва да ги земе трите бода во Џенова и одигра само 0:0.
Вториот најсилен напад на лигата не успеа да ја затресе мрежата на една од најлошите екипи во првенството.
Гасперини чинеше ротации и одмор на важни играчи, а избраниците на Андреј Шевченко успеаја да освојат важен бод. Горан Пандев одигра 20тина минути.
Јувентус се мачи во Серија А во текот на целата сезона, но сепак се најде на петтото место со 34 бодови. Да, заостанува девет бода и натпревар повеќе од водечкиот Интер, но впечаток е дека многумина прерано ја отпишаа Старата дама и од борбата за Скудетото и од борбата за Лигата на шампионите.
Најтрофејниот италијански клуб се уште има квалитет, вистината не е во иста мера како минатата сезона, но дефинитивно е екипа која може да победи секого.