Хрватскиот фудбалер Тома Башиќ (25) бил ограбен во Рим под закана со оружје, јавуваат италијанските медиуми.
Играчот од средниот ред на Лацио бил нападнат кога излегол од автомобилот и се упатил кон ресторан. Маскиран маж со кацига од мотор му пришол и му го ставил пиштолот на ребрата при што го принудил да му го подаде часовникот.
Откако му го одзел часовникот, разбојникот се качил на мотор и побегнал.
Инцидентот се случил околу 13.30 часот во римската област Париоли, која отсекогаш важела за зона на богатите.
Башиќ му се приклучи на Лацио во август минатата година од Бордо.
Досега има забележано 15 настапи во Серија А и шест во Лига Европа. Тој постигна еден гол и има две асистенции. Во кариерата настапуваше и за Хајдук и Рудеш.