Колумбискиот велосипедист Еган Бернал (22), член на тимот на INEOS Grenadiers, актуелен победник на Ѓиро ди Италија и победник на Тур де Франс 2019 година, ќе биде подложен на уште една операција на ‘рбетот по тешкиот пад што го доживеа минатата недела за време на тренинг.
Бернал минатата недела удри во запрен автобус во близина на Богота и при падот се здоби со повреди на ‘рбетот, нозете и градниот кош.
Веднаш по пристигнувањето во болница, Бернал бил опериран, а по новата контрола во вторникот било потврдено дека е потребна уште една.
„По напредокот во закрепнувањето, новите дијагностички снимки покажаа дека е потребна уште една операција. Ќе го забрза процесот на рехабилитација при кој пациентот покажува напредок“, соопштија од болницата во Богота каде Бернал се опоравува.
Бернал во објава на социјалните мрежи минатиот викенд напиша дека има 95 отсто шанси да стане параплегичар поради падот.