Македонија треба да е горда бидејќи македонскиот кик-бокс оствари уште еден огромен успех и доби светски шампион.
Ова е голем успех на нашиот најдобар кикибоксер во моментов, како логичен след на настаните по европската титула освоена минатата година.
Македонија на годинешниот Мундијал во кикбокс имаше само тројца натпреварувачи, а дома се враќаат со еден медал и тоа златен. На ова првенство учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави.