Енис Барди, не се изнаигра многу на пријателската пресметка меѓу неговиот Леванте и Вулверхемтон.
Во 35. минута од натпреварот, Барди влезе во пресметка со противничкиот играч Јерсон Москера. На видеото од клупскиот јутјуб-канал на Волвс не се гледа најдобро зошто и како почна кавгата, кој го направи првиот физички контакт и дали македонскиот репрезентативец доби удар и настрада. Појасно се гледа продолжението од пресметката, кога гневен трча кон фудбалерот, додека веќе се замешаа и останатите на теренот.
Во тој момент Леванте веќе имаше водство од 1-0, а во вториот дел зголеми и на 2-0.