Фудбалерот на Лестер, Јури Тилеманс, е блиску до потпис со Арсенал, пренесуваат британските медиуми. Белгискиот репрезентативец беше во потрага по клуб кој следната сезона ќе игра во европските натпреварувања, па се одлучи за Арсенал кој ќе игра во Лига Европа.

Тилеманс има договор со Лестер до јуни следната година, но и покрај тоа што на зима му беше понудено да го продолжи договорот, тој упорно одбиваше, па стана јасно дека не планира да остане во клубот.

Лестер за него бара отштета од 50 милиони евра, но прашање е дали „топчиите“ ќе се сложат на таква сума, со оглед дека Тилеманс има само уште една година од актуелниот договор.