Андрес Иниеста, 38-годишната легенда на Барселона и шпанската репрезентација, веќе четири сезони игра на Далечниот Исток. Јапонскиот Висел Коби е единствениот клуб покрај Блауграна кој ја имаше честа неговиот дрес да го носи играчот од средниот ред.

Иниеста го освои пехарот и суперкупот во Земјата на изгрејсонцето и ја збогати и онака огромната трофејна сала.
Сепак, фотографијата што ја објави на социјалните мрежи стана хит не поради неговата умешност, туку поради неговиот изглед. Шпанска легенда објави фотографија на која изгледа многу постаро од неговата реална возраст. Има помалку коса, која е доста побелена и има многу позабележителни старосни црти на лицето.


Ваквиот изглед ги шокираше неговите фанови. Едниот напишал: „Човеку, дали имаш сто години?“, додека другиот тврдеше дека ќе изгледал помлад да не бил професионален фудбалер. Некои бараат негово враќање во Барселона бидејќи, како што велат, сепак е подобар од сите нејзини моментални играчи од средниот ред. Неговиот договор со Јапонскиот клуб трае до 31 јануари 2024 година.